Smiruvachki gel krem za chuvstvitelna koza - CBD/Aloe Vera

612.00ден

Смирува и контролира хиперреактивност на кожата. Високата концентрација на CBD и алое вера интензивно ја смируваат иритираната, чувствителна кожа.

За секојдневна нега на чувствителна кожа на лице. Смирувачки гел крем за чувствителна кожа на лицето интензивно ги ублажува чувството на нелагодност, црвенило и јадеж. Ја смирува и контролира хиперреактивноста на кожата, пружејќи и потполна хидратација и заштита. Со редовна примена кожата станува смирена и хидрирана, без црвенило, со здрав и сјаен изглед. За сите типови на кожа, со pH вредност од 5,5.

Без алергени, парабени, никел и козметички мириси.

CBD е активна состока од индустриски коноп кој на кожата и дава бројни благотворни ефекти. Го намалува воспалението, ја обновува и смирува чувствителната кожа на која одговараат исклучително ретко козметички производи. CBD во смирувачкиот гел крем за чувствителна кожа е застапен во висока концентрација, па заедно со алое верата дава брз ефект во смирување на хиперреактивната кожа на лицето.

Пакување: 
50ml

Упатство за употреба:
Најдобар ефект се постигнува со секојдневно нанесување наутро и навечер, на чиста и сува кожа на лицето.

  • Што е гел крем? Гел-крем е понова форма на производ кој своите карактеристики ги должи на најдоброто од кремот и гелот: има лесна текстура, интензивно хидрира и ја обезбедува потребната нега, а притоа не е тежок и не мрсен.
  • За сите типови на кожа.
  • pH 5,5
  • Може да го користат и бремени жени и доилки.
  • Лесно се нанесува, брзо се впива и не остава масни остатоци.
  • Некомедогена формула.
  • Без парабени.
  • Без глутен.
  • Без алкохол.
  • Без состојки од животинско потекло. (Vegan-friendly)
  • Производот не е тестиран на животни. (Cruelty-free)

СИТЕ СОСТОЈКИ: aqua, aloe barbadensis leaf juice (сок од алое вера), prunus amygdalus dulcis oil (масло од сладок бадем), glycerin, sodium hydroxide, sodium hyaluronate (хијалурон), cannabis sativa seed oil (индустриско масло од коноп), cannabidiol (CBD), calendula officinalis flower extract (екстракт од цвет од невен), chamomilla recutita flower extract (eкстракт од цвет од камилица), tocopheryl acetate (vitamin E), carbomer, tocopherol, benzyl alcohol, dehydroacetic acid

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).