Гел за миење лице со алое вера - Хедера вита

420.00ден

Збогатен со протеини од млеко, се препорачува за типови на кожа кои покажуваат преосетливост на сапун и други конвенционални средства за чистење на лицето.
Не содржи сапун, парабени, минерални и силиконски масла.

Формулиран е за исклучително нежно и ефикасно да ја чисти кожата, да ја отстранува нечистотијата од порите и да ги намали истите. Маслото од памук, богато со незаситени масни киселини, глицерилолеат биолипид е природно присутен во кожата и заштитниот слој кој го прекрива бебето на раѓање како и алое верата која обезбедува неопходна нега на кожата.
Поседува исклучително хранливи состојки, составени првенствено од природни состојки меѓу кои во негата за регенерација на кожата се истакнува козјото млеко и екстрактот од алое. Козјото млеко е природно богато со протеини и Б комплекс, што го прави хипоалергенски сојузник во заштита и нега на кожата. Алоето го забрзува создавањето на ново ткиво без оглед дали се работи за ткиво зафатено со опекотини, посекотини и лузни како последица на акни или друг дерматолошки проблем. Исто така, алоето се покажа како голем сојузник во борбата со псоријаза. Меѓу останатите компененти, оваа формула е надополнета и со Ниацинамид и Глицерин,  добро познатите „суперѕвезди“ за нега на кожата, со неколку докажани бенефити, за посилна, поздрава бариера на кожата и подобра хидрација.

 

Нема на залиха

Пакување:
Практично пакување со пумпица за лесна употреба – 500мл

Начин на употреба:
Ставете мала количина од гелот на прстите, втријте ја на лицето и исплакнете со вода.
Може да се употребува кај деца постари од 6 годишна возраст, бидејќи има блага формула, која не предизвикува солзење на очите.

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).