AKTIV+

420.00ден

Допринесува за подобрување на здравјето на зглобниот систем. Особено се препорачува при ревматски болести како остеоартрит, кај жени во менопауза како превентива од остеопороза, при сите состојби кај кои дошло до оштетување на ‘рскавиците и кај спортски повреди. Со негова континуирана употреба се намалува болката и се олеснува и подобрување движењето.
АКТИВ+ е составен од 3 активни компоненти кои синергично делуваат и докажано делуваат на зглобниот систем.
Глукозаминот дејствува остеопротективно бидејќи има поволен ефект на оптималната функција на ’рскавиците. Во медицински цели најчесто се употребува кај остеоартрит, артрит на колено, болести на виличниот зглоб и др.
МСМ учевствува во обновување на сврзното ткиво. Ја намалува болката во зглобовите предизвикана од нивно воспаление.
Хијалуронската киселина е главен состав на синовијалната течност која се наоѓа во зглобовите. Нејзин недостаток доведува до намалување на вискозноста поради што зглобовите стануваат болни и слабо подвижни.

Опис

Начин на употреба:
Два пати на дена – по една таблета, со оброк

Пакување: 30 таблети

Во една таблета содржи:
Глукозамин сулфат (500mg), MSM(150mg) и хијалуронска киселина (3,34mg)

Напомена:
Производот не треба да го користат особи преосетливи на било која состојка. Производот не е наменет за бремени жени, доилки и лица помали од 18 години, доколку не е претходно препорачан од доктор.