CIMETHROM+Јаболков оцет

420.00ден

Допринесува за намалување и одржување на нормалните вредности на шеќерот во крвта. Се препорачува како помошно средство за лица со дијабет тип 2, инсулинска резистенција, намалување на покачени вредности на холестерол во крвта и кај лица на редукциски диети за регулирање на телесната тежина.
Циметот допринесува во намалување на глукозата во крвта. Се вели дека е одличен „имитатор“ на инсулинот. Го зголемува транспортот на вишокот глукоза до клетките кои можат да го искористат како извор за енергија. Циметот истовремено спречува нагло покачување на шеќерот во крвта кај дијабетичари после оброк. Исто така, има силен антиинфламаторен ефект, ја поддига температурата на телото и на тој начин помага во намалување на масните наслаги.
Хромот е есенцијален елемент. Многу студии ја прикажуваат значајната улога на хромот во регулирање на нивото на глукоза во крвта. Недостатокот на хром е поврзано со настанување на дијабет кај стари лица. Хромот се препорачува и на гојазни лица поради поволното дејство во процесот на слабеење.
Јаболковиот оцет содржи киселина која го забрзува варењето на протеините, па затоа и се користи при процесот на слабеење.

Опис

Начин на употреба:
Една таблета на ден – со оброк

Пакување: 30 таблети

Напомена:
Производот не е наменет за бремени жени, доилки и лица помали од 14 години, само ако не е препорачан од доктор. Лица кои се на хронична терапија треба да го употребуваат со претходна консултација со доктор.