Emulzija за нега на многу сува кожа склона кон атопија

840.00ден 714.00ден

Крем кој ја одржува кожата здрава во случај на атопичен дерматитис

Емулзијата ја поддржува способноста за обновување на бариерата на кожата, ја враќа влажноста на кожата и ја штити од сушење.

Емулзијата на Biovitalis е дерматолошки тестиран крем, развиен за специфична нега на многу сува кожа и кожа погодена од атопичен дерматитис. Ја смирува кожата, интензивно ја храни и навлажнува и ја штити од сушење. Со иновативна и уникатна комбинација на природни активни состојки, развиен е ефикасен рецепт. Погодна е за сите типови на кожа: нежна и чувствителна детска кожа (Совршена за нега на деликатната, чувствителна кожа на бебето, уште од првиот ден од животот), како и многу сува кожа во возрасната доба.

Емулзијата лесно се впива во кожата и не остава масен траги и не ја прави леплива. Не содржи синтетички мириси или есенцијални масла кои би можеле да ја иритираат чувствителната кожа склона кон атопија. Емулзијата мириса „природно“ благодарение на изобилството на растителни масла што ги содржи.

За смирување на чешањето, иритацијата и црвенилото во целните области, го препорачуваме БАЛЗАМ АКУТ. За миење, препорачуваме употреба на ФЛУИД за миење на многу сува кожа склона кон атопија.

Клинички докажано подобрување на состојбата на кожата кај 98% од децата. Тестот за клиничка ефективност беше спроведен под надзор на дерматолог во Детската клиника во Загреб (Болница Клаиќ) на примерок од 40 деца на кои им беше дијагностициран атопичен дерматитис. За време на траењето на клиничкото испитување, пациентите користеа само Емулзија за нега и Флуид за миење на многу сува кожа склона кон атопија во нивната секојдневна основна нега на кожата.
Клиничкото тестирање докажа:
Намалување на сувоста на кожата (намалено лупење, пукање)
Намалување на иритација на чешање
Намалување на зачестеноста на воспалението и потребата од кортикостероиди
Подобрување на квалитетот на животот на детето
Дерматолошки тестирано. Емулзијата е нежна за чувствителна и сува кожа склона кон атопија, без иритација.

100% од состојките ги исполнуваат стандардите на природната козметика; 0% парабени, алергени, парафинско масло, вазелин, синтетички парфеми и други состојки

Начин на употреба:
Се нанесува во тенок слој на чиста и сува кожа на лице и тело. Мала количина од емулзијата се загрева помеѓу дланките и со нежна масажа се нанесува на кожата. На тој начин се поттикнува продирање на природните активни состојки во кожата.

Нема на залиха

Пакување: 
150ml

Емулзијата не содржи кортикостероиди.
Мирисот на емулзијата е под влијание на мирисите на природните масла во нејзиниот состав, а нивниот тон и интензитет често варираат од благ и пријатен мирис до силен и „необичен“ мирис. Додавањето парфеми и есенцијални масла во Емулзијата е непожелно бидејќи може да предизвикаат иритација и алергии на кожата со атопичен дерматитис. Важно е да се истакне дека секоја произведена емулзија подлежи на строги проверки на квалитетот и секоја емулзија на пазарот е здрава и покрај разликите во мирисот.
Емулзијата содржи и масло од пченични никулци, кое не содржи глутен, поради што е погодна за нега на кожа на деца и возрасни алергични на глутен.
За да обезбедиме микробиолошка стабилност и квалитет на производот, избравме еколошки конзерванс, внимавајќи да бидеме нежни кон кожата.

Состав:
aqua (прочистена вода) cetearyl alcohol* panthenol (provitamin B5) glycerin (глицерол од билно потекло) gossypium oil (масло од памук) oenothera biennis oil (масло од јаглика) persea gratissima oil (масло од авокадо) butyrospermum parkii butter (шеа путер) triticum vulgare germ oil (масло од пченица) aloe barbadensis extract (екстркат од алое вера) benzyl alcohol* dehydroacetic acid* * ecocert сертифицирана суровина

Во составот на емулзијата има и масло од пченка кое НЕ содржи глуген, поради што е погодно за нега на кожата кај деца и возрасни алергични на глутен.
Се користи еколошки конзерванс како би се обезбедила микробиолошка стабилност и квалитет на производот, а притоа се води грижа истиот да е нежен кон кожата.

Без глутен
Без алкохол
Без состојки од животинско потекло
Не е тестирана на животни

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).