Морсус гел со ефект на ладење

420.00ден

Морсус гел со ефект на ладење е направен по традиционален рецепт и содржи бројни билки од Балканскиот простор (ментол, рузмарин, дива жалфија, јаглика, лешник, каранфилче и елка). 
Благодарејќи на неговиот состав, масажата со Морсус гел пријатно лади, освежува и опушта. Ја негува кожата и благо ја зголемува циркулацијата на крв низ телото. Погоден е за масажа на врат, грб, како и релаксирачка масажа за спортисти, по нивните спортски активности.

Овој гел може да се користи и при проблеми со синусите, како и главоболки. Начинот на употреба е опишан во делот Опис.

Опис

Пакување:
250мл

Начин на употреба:
Масирајте со благи движења на посакуваното подрачје, еднаш до три пати дневно. Нанесете од гелот во тенок слој на болните места. Во случај на проблеми со синусите и главоболка, употребете го со втријување на челото и слепоочницата, избегнувајќи контакт со очите. За краток период ќе почувствувате ладење на местото и ослободување од болката.

Напомена:
После секоја употреба на гелот измиете ги рацете. Да не се нанесува на рани, опекотини или било какви оштетувања на кожата. Да се избегнува гелот да дојде во контакт со слузницата на очите, носот, устата и гениталиите. Местото на кое е нанесен гелот не треба дополнително да го загревате (со термофот, електрични покривачи и слично) или да се сончате. Да се чува надвор од дофат на деца.