Антибактериска пена за лице Хедера Вита

360.00ден

Активните состојки на оваа пена имаат Антибактериски ефект.

Посебно е погодна за чистење на воспалителни форми на акни затоа што маслото од чајно дрво и бисабололот имаат смирувачки ефект врз кожата.

Цитрусната водичка од зелен сок од мандарина, маслото од бабасу, екстрактот од крајбрежен бор и  билната хијалуронска киселина кои се составен дел од формулата на оваа пена, го отстрануваат вишокот себум и честичките од нечистотијата без да предизвикаат сушење на кожата.

Освен за нега на лице, дополнително може да се користи за нега на деловите од телото склони кон појава на бубулици, како што се рамењата, деколтето и грбот.

Опис

Пакување:
150мл

Начин на употреба:
На сува или навлажнета кожа, нанесете ја пената а потоа отстранете ја со млака вода.