Пилинг за тело – Еднорог

360.00ден

Посебно прилагоден за тинејџери склони кон акни. Во својот состав содржи морска сол со која по механички пат се отстрануваат мртвите клетки од површинскиот слој на кожата, се елиминираат токсините и нечистотијата со што се зајакнува одбрамбениот механизам на кожата од надворешните штетни дејствија. Ши путерот ја прави младата кожа мека и мазна на допир, а во исто време заедно со маслото од сончоглед и природниот ланолин ја штити од сушење.
Пилингот за тело е збогатен со ароматично масло од цвет од лаванда, кое има релаксирачки ефект на кожата и ослободува од стрес.

Опис

Начин на употреба:
3-4 пати неделно, нанесете од пилингот со благи кружни движења по целото тело. По лесната масажа, пилингот може да се измие од кожата. По негова употреба не е потребно дополнително користење на лосиони и млеко за тело.

Напомена: Само за надворешна употреба. Да се чува на темно и ладно место.

Нето тежина: 200ml