Акција!

Сет за нега на многу сува кожа склона кон атопија

2,052.00ден

Флуид за нега на многу сува кожа склона кон атопија
Капење кај атопичен дерматит – без агресивни сурфактанти. Флуид за капење на многу сува кожа склона кон атопија ја чисти кожата, без да предизвика сушење. Прикладен е за употреба од првиот ден од животот. Содржи благ сапун кој нежно ја чисти кожата, како и екстракт од овес за дополнителна нега и смирување на сувата и чувствителна кожа. По негова употреба кожата станува нежна, мека и смирена. Флуидот може да се користи на дури три начина: Како смирувачка купка, шампон за коса и гел за туширање.

Емулзија за нега на многу сува кожа склона кон атопија
Делотворно ги ублажува симптомите на атопискиот дерматит: сувост, рапавост, црвенило, испукотини и јадеж.
Емулзијата ја поттикнува способноста за обновување на природната бариера на кожата, ја враќа влажноста и ја штити од сушење.
Лесно се впива, а со примена од два пати дневно (наутро и навечер), во краток временски период постигнува благотворен ефект.
Производот е безбеден за употреба од првиот ден на детето. Не постои ограничување на возраст за користење на производот, истиот може да се користи при секоја возраст.

Балзам за целни подрачја на кожа склона кон атопија
Во истиот момент  смирува јадеж, иритација и црвенило. Прикладен за употреба од првиот ден од животот. Обезбедува интензивна обнова и заштита на целните подрачја на кожата оптеретена од атопичен дерматит. Ја обновува липидната (заштитна) бариера и го зајакнува природниот имунитет на кожата. Балзам АКУТ има помасна текстура и не е предвиден за нега на цело тело. Тој ја смирува и штити кожата каде што ќе биде нанесен, при изразено црвенило и јадеж.

Можеби ќе Ви се допадне и…