Политика за колачиња

Што се колачиња?

Колачињата се мали текстуални датотеки што веб страницата која ја посетувате ги поставува на Вашиот компјутер или мобилен уред заради чување на информации за вашата посета. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите истата веб страница. Колачињата се „пасивни“ бидејќи содржат информации кои вашиот пребарувач може да ги поврати, но не содржат програми, вируси или малициозен софтвер. Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до повеќе од една година.

Колачињата за време на сесијата се привремени и се бришат кога ќе го затворите пребарувачот или по одреден период на неактивност.

Според доменот на кој припаѓаат колачињата се поделени на:

Колачиња кои се поставени од сопственикот на доменот што се посетува и колачиња кои се поставени од трети страни, од друг домен освен оној што го посетил корисникот.

Што прават колачињата?

Колачињата можат да содржат многу видови информации за вашата посета на одредена веб страница, но најчесто се користат за чување на избраните преференции, како што се јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста и состојба на најавување. Колачињата не содржат лични или приватни податоци за вас, но можат да соберат информации за вашите навики на пребарување. Во најголем дел, колачињата го подобруваат вашето корисничко искуство со пребарувањето со тоа што спречуваат постојано да ја одбирате истата опција секогаш кога посетувате некоја страница.

Меѓутоа, веб страниците исто така користат колачиња кои служат за рекламирање согласно вашите интереси врз основа на избраните преференции или содржината на страниците што сте ги посетиле. Од овие причини, некои веб корисници ги бришат или одбиваат одредени типови на колачиња, односно колачиња од одредени страници.

Дали можам да ги избришам колачињата?

Да, можете да ги прегледате колачињата зачувани на Вашиот компјутер и да ги избришете некои или сите. Сепак, секој пребарувач има различна постапка за таа цел.

Имајте предвид дека во некои случаи, бришењето на колачиња ќе влијае на Вашето корисничко искуство при повторна посета на некоја страница. На пример, можеби ќе бидете принудени повторно да се најавите, или предметите додадени во вашата кошничка ќе исчезнат.