Политика на приватност и заштита на лични податоци

Политиката на приватност на galev2002.com појаснува каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на оваа веб страна. Оваа политика на приватност се однесува само за marra.mk и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

Секој купувач при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со оваа политика на приватност.

Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Информациите кои ни се потребни се: Име и презиме, e-mail адреса, Адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.

Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.

Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција.

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и galev2002.com нема намерно да собира или користи податоци од малолетни лица.

galev2002.com ги превзема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.

Колачиња

galev2002.com користи “cookies” со цел да ви го олесни користењето на интернет страната. “Cookies” се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот компјутер, овозможувајќи и на нашата е-продавница да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите е-продавницата на marra.mk Тие се користат  исклучиво за да се приберат информации кои и се потребни на нашата е-продавница. galev2002.com користи IP адреси за анализа на трендовите, администрирање на страната, следење на интересите на купувачот и за собирање на демографски податоци. IP адресите не се поврзани со личните профили. Веб страната ја забележува јавната IP адреса на корисниците. Оваа информација се зачувува, без никакви дополнителни информации околу останатите страници кои корисникот ги посетувал, освен страницата која го довела до marra.mk (на пример, при користење на пребарувач). Други веб страни кои се обезбедени како линкови на веб страната на galev2002.com не секогаш ги спроведуваат истите политики како и galev2002.com

Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив, ве молиме контактирајте не на galev_2002@yahoo.com / service@galev2002.com