Услови за користење

Услови за користење на galev2002.com појаснуваат кои се условите за купување и начинот на испорака на купените производи. Купувањето поминува низ 3 фази, и тоа:
СЕ ПРОЦЕСИРА – што подразбира дека нарачката од страна на купувачот/нарачателот е извршена, но истата е во процес на одобрување и/или подготовка на потребна документација за испорака.
ОДОБРЕНА – нарачката е одобрена и се чека на доставувачот да ја подигне за пренос до нарачателот.
ИСПОРАЧАНА – нарачката е испорачана и е на пат до Купувачот

Политика за достава на производ

Откако нарачката ќе биде одобрена, предметот на купопродажба ќе биде предаден за достава, освен ако нарачката е извршена во петок по 13.00 часот, во сабота, во недела или било кој неработен ден. Достава се врши преку уредно регистрирано и овластено друштво за достава на пратки ECO LOGISTIK SERVICE. Одговорноста за производот, од преземањето од деловните простории на продавачот, до предавањето на купувачот ја сноси во целост.

Производите се испорачуваат со испратница или фактура. Секој купувач е должен при испорака на производот да го провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Видливите недостатоци/оштетувања на производот Купувачот треба веднаш да ги пријави при прием на робата на доставувачот.

Доколку доставувачот има 3 неуспешни обиди за контакт и достава на корисникот, доставата се означува како неуспешна и производот се враќа во просториите на компанијата. Доколку дојде до ваква ситуација и корисникот побара повторна достава, корисникот е потребно да ги сноси трошоците за двете достави, односно се наплаќа дупла достава

Политика за замена/рекламација на производ

Пријавувањето/рекламација на производ кој што е ошететен потребно е да го направите во рок од 24 часа од приемот на пратката. Производот треба да биде спакуван во неговото оригинално пакување, фактура и истиот не треба да е употребуван.

Во случај на замена на производ, што конкретно се однесува на анатомски производи, за замена на број доколку истиот е достапен, во рок од 15 дена од прием трошоците за Карго услугата во двата правци се на трошок на Купувачот.

Производот може да биде заменет со нов само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување.

Напомена

Со потврда на нарачката, со кликнување на копчето ПОТВРДИ, согласни сте со Условите

Содржини од други страници

galev2002.com на веб страницата прикажува елементи со содржина во текстуелен или графички формат која што не припаѓа на galev2002.com. Во тој случај сите авторски права и права за користење, припаѓаат на оригиналниот автор или носител на тие права. Сите останати содржини се сопственост на ГАЛЕВ 2002 ДООЕЛ и строго се забранува нивно користење.

Врати се на нашиот e-shop
Посети ја нашата facebook страна
Посети го нашиот instagram профил