CIMETHROM+Jabolkov ocet

420.00ден

Допринесува за намалување и одржување на нормалните вредности на шеќерот во крвта. Се препорачува како помошно средство за лица со дијабет тип 2, инсулинска резистенција, намалување на покачени вредности на холестерол во крвта и кај лица на редукциски диети за регулирање на телесната тежина.
Циметот допринесува во намалување на глукозата во крвта. Се вели дека е одличен „имитатор“ на инсулинот. Го зголемува транспортот на вишокот глукоза до клетките кои можат да го искористат како извор за енергија. Циметот истовремено спречува нагло покачување на шеќерот во крвта кај дијабетичари после оброк. Исто така, има силен антиинфламаторен ефект, ја поддига температурата на телото и на тој начин помага во намалување на масните наслаги.
Кората од цимет во прав и нејзините екстракти се користат како средство за намалување на нивото на шеќер, триглицериди и ЛДЛ во крвта, како помош за елиминација на Helicobacter pylori од желудникот, а се користат и за болни спазми на мазни мускули. Покрај тоа, тој е богат со минерали (калциум, железо, манган) и растителни влакна.
Хромот е есенцијален елемент. Многу студии ја прикажуваат значајната улога на хромот во регулирање на нивото на глукоза во крвта. Недостатокот на хром е поврзано со настанување на дијабет кај постари лица (толеранцијата на гликоза се намалува), потоа со процесот на атеросклероза, односно артериосклероза, како резултат на зголемен инсулин, но и со процесот на формирање на катаракта.. Хромот е вклучен во составот на ензими кои учествуваат во метаболизмот на производството на енергија. Вклучен е и во составот на ензими кои учествуваат во синтезата на масни киселини, холестерол и протеини. Се излачува од телото преку урина, во форма на неоргански соли. Хромот придонесува за нормален метаболизам на макронутриенти. Хромот се препорачува и на гојазни лица поради поволното дејство во процесот на слабеење.
Јаболков оцет – Главната состојка на јаболковиот оцет е оцетна киселина, но може да содржи и други киселини, витамини и минерали. Содржи витамини Ц, А, Е, Б1, Б2, Б6, бета-каротин, биофлавоноиди, пектин, како и минерали: калиум, натриум, магнезиум, калциум, фосфор, железо, флуор. Јаболковиот оцет се користи за регулирање на дијабетес тип 2, за намалување на крвниот притисок, за алергии, артритис, хронична малаксаност, грип, гихт. Го отстранува чувството на замор, грчеви и болки во мускулите. Оцетната киселина од јаболковиот оцет го забрзува и го олеснува варењето на протеините, па поради ова својство, јаболковиот оцет е особено популарен меѓу луѓето кои се на диети за слабеење со цел да се намали телесната тежина и дебелината.

Дата: 08.2023

Нема на залиха

Начин на употреба:
Два пати на ден по една таблета – со оброк

Пакување: 30 таблети

Напомена:
Производот не е наменет за бремени жени, доилки и лица помали од 14 години, само ако не е препорачан од доктор.
Лица кои се на хронична терапија треба да го употребуваат со претходна консултација со доктор или фармацевт.

 

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).