AKTIV+

420.00ден

Допринесува за подобрување на здравјето на зглобниот систем. Особено се препорачува при ревматски болести како остеоартрит, кај жени во менопауза како превентива од остеопороза, при сите состојби кај кои дошло до оштетување на ‘рскавиците и кај спортски повреди.
Со негова континуирана употреба се намалува болката и се олеснува и подобрување движењето.

АКТИВ+ е составен од 3 активни компоненти кои синергично делуваат и докажано делуваат на зглобниот систем.
Глукозаминот дејствува остеопротективно бидејќи има корисен ефект врз зачувувањето и одржувањето на оптималната функција на ‘рскавиците и зглобовите. Глукозамин сулфатот го стимулира инкорпорирањето на сулфур во ‘рскавицата и синовијалната течност. Сулфатот се користи за изградба на глукозаминогликани, кои промовираат флексибилност на зглобовите и им овозможуваат на коските на зглобот поцврсто да се прилепуваат. Формирањето на глукозаминогликан ја зголемува еластичноста на зглобот, што е особено важно кај постарата популација. Глукозаминот најчесто се користи во медицински цели кај остеоартритис, дегенеративни заболувања на зглобовите, артритис на коленото, лактот, рамото или колкот и болести на темпоромандибуларните (вилични) зглобови. Резултатите од оваа суплементација и терапија не се трајни, па затоа овие производи мора постојано да се земаат за постојано да се стимулира процесот на создавање на нова ‘рскавица.
МСМ е биоактивно соединение со органска форма на сулфур и е вообичаена компонента на производи наменети за зачувување на здравјето на локомоторниот систем. Придонесува за јачината и стабилноста на сврзното ткиво, а извор е и на сулфур кој е од големо значење за здравјето на коските. Употребата на МСМ во препарати наменети за намалување на воспалението и одржување на здравјето на зглобовите се објаснува со способноста на МСМ да учествува во регенерацијата на сврзното ткиво и способноста да ја елиминира болката предизвикана од воспаление. Покрај горенаведеното, МСМ игра улога во подобрување на функцијата на имунолошкиот систем, детоксикација на организмот, ублажување на ефектите од стресот и заморот и ја подобрува достапноста на кислород во организмот.
Хијалуронската киселина заедно со хондроитин сулфат и глукозамин сулфат, е составен дел на сложените мукополисахариди, гликопротеини и протеогликани, кои се дел од ганглиозидите во нервното ткиво, синовијалната течност, слузот и хепаринот на црниот дроб. Хијалуронската киселина е главната компонента на синовијалната течност која се наоѓа во зглобовите. Неопходно е за подмачкување на зглобната ‘рскавица. Како што старее организмот, производството на хијалуронска киселина постепено се намалува, што доведува до намалување на вискозноста и зголемено разредување на синовијалната течност, што предизвикува зглобовите да станат болни и тешко подвижни. Слично е на остеоартритисот, кога ‘рскавицата и другите зглобни структури почнуваат да се влошуваат, а воспалителниот процес во зглобовите доведува до намалено производство на хијалуронска киселина, што резултира со намалено подмачкување на зглобовите. Затоа, во медицината, хијалуронската киселина и нејзините деривати се користат во состојби со оштетување на синовијалната течност, како што се артритис и остеоартритис, потоа во офталмолошки, отолошки, хируршки и козметички хируршки операции.

Дата: 08.2023

Начин на употреба:
Два пати на ден – по една таблета, со оброк

Пакување: 30 таблети

Во една таблета содржи:
Глукозамин сулфат (500mg), MSM(150mg) и хијалуронска киселина (3,34mg)

Напомена:
Производот не треба да го користат особи преосетливи на било која состојка. Производот не е наменет за бремени жени, доилки и лица помали од 18 години, доколку не е претходно препорачан од доктор.

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).