Потребно време за читање: 2 мин
Бројот на заболени од групата атопични болести на кожата е во постојан пораст. Најзафатената група се децата, а атопискиот дерматит се смета за најчеста кожна болест кај нив. Појавата на атопија кај возрасни лица не е исклучена, но присутна е во многу помала мера. Атопијата е генетски пренослива од родителите на детето во вид на преосетливост на организмот на некој од секојдневните алергени од околината. Организмот на пречувствителниот поединец во контакт со алергенот создава прекумерна количина на антитела што се манифестира во облик на разни атописки промени (астма, алергија, атописки дерматит и друго).
Кожата склона кон атописки дерматит има пореметена заштитна функција, па затоа е склона кон појава на највообичаените симптоми : сувост, црвенило и јадеж.
Воспалена кожа која предизвикува јадеж води кон постојано чешање, гребење и триење, па со тоа и дополнително оштетување на веќе доволно иритираната кожа и можни кожни инфекции и компликации.
Хроничниот стадиум на болеста се нарекува егзацербациски период, по кој настапува ремисија. Во овој ремиски период кожата се чисте или поправа во потполност.
Симптомите се влошуваат со изложување на надразнувачки производи (детергенти, сапуни, омекнувачи и слично), честа промена на температурата, стресни ситуации, непридржување кон правилните препораки за миење и капење и со носење на синтетичка облека.
Многу е тешка секојдневната борна со симптомите кои хронично се јавуваат. Со едукација на родителите и децата се укажува на важноста на правилната нега на кожата склона кон атопија.
Со правилна нега на кожата склона кон атопија, можно е да се обнови заштитната бариера на кожата и да се продолжи фазата на ремисија.
Со подобрување на состојбата на кожата, продорот на алергените во подлабоките слоеви на кожата е запрен, а со тоа и последичната алергиска реакција. Со редовна примена на проверени емолијанси кои спречуваат губиток на влага од кожата можно е да се намали или потполно да се потиснат симптомите на алергискиот дерматит. Со помош на мастни балзами со богата текстура се третира помала површина од кожата. Таквите балзами во истиот момент за смируваат иритацијата, црвенилото и јадежот на целните подрачја.
Таков производ е и Balzam Аkut.
Се работи за дерматолошки испитан производ кој осигурува интензивна обноза и заштита на целните подрачја на кожата оптеретена од атопискиот дерматит. Ја обновува липидната бариера и го зајакнува природниот имунитет на кожата. Со иновативна комбинација од природни активни состојки, развиена е ефективна формула. Балзам акут е нежен кон чувствителната и сува кожа. Притоа НЕ содржи алергени, вазелин, парафинско масло, алкохол и силикони.
За повеќе информации за овој производ, кликнете на овој линк.