Потребно време за читање: 2 мин

Атопискиот дерматит (АД) се смета за најчеста хронична болест кај децата, која се јавува до крајот на првата година од животот кај дури половина од заболените. Најпрепознатливи симптоми на атопискиот дерматит се изразена сувост на кожата пропратено со иритантен јадеж (чешање). Во најтешката фаза, на кожата се појавува егзем – сув осип кој предизвикува јадеж и може да прерасне во меури, красти или задебување на кожа.  Симптомите најверојатно ќе се повлечат до пубертет, додека кај мал број лица атопискиот дерматит е присутен во тек на целиот живот. АД се јавува и кај возрасната популација, но во доста помал процент.

Доенчињата се склони кон појава на егзем на лицето, посебно во пределот на образите и брадата, помеѓу третиот и шестиот месец животот. Во текот на детството егземите се јавуваат на прегибите од големите зглобови – колена, лакти, врат и помали зглобови (подлактици, надлактици, подколеници, надколеници, глужд…). АД е тесно поврзан со појава на алергиски ринит или астма.

Доколку на Вашата или кожата на Вашето дете се појават промени во вид на црвени дамки со јадеж, задебелување и груба кожа, егзема со исцедок, рани на егземата, најверојатно Вашите деца или Вие патите од атописки дерматит

Наведените симптоми се карактеристични за фаза на влошување на АД. Најпрвин таа се манифестира со појава на црвени дамки кои предизвикуваат јадеж, потоа кожата станува сува, испукана и се јавува болка и нелагодност. Чешањето на така оштетена кожа може да допринесе за развој на разни инфекции и потешки компликации.
Не постои лек за атописки дерматит, но целта на лечењето оди во смер на што подолго траење на фазата на подобрување (ремисија), која следи по фазата на влошување.

За да се спречи настанување на сувост на кожата и да се ублажи јадежот, задолжително е често користење на благи средства за миење, со избегнување на иритирачките факори кои допринесуваат за влошување на симптомите

Потребна е едукација за родителите и децата, за да се објасни важноста на обновата на заштитниот слој на кожата кој е природен штит од лошите надворешни средства и надворешната средина. За да се задржи подолго фазата на ремисија потребна е секојдневна нега и хигиена на кожата.

Флуид за миење на многу сува кожа склона кон атопија нежно ја чисти кожата без да предизвика нејзина сувост. Ја остава кожата смирена, нежна и мека. По миењето задолжително е нанесување на крема со богата текстура составена од природни состојки без додатни иританти кои дополнително би придонесиле за сушење на кожата.Идеална емулзија која помага во нега на ваков тип на кожа склона кон атопија е Емулзија за нега на многу сува кожа склона кон атопија. Нејзината цел е да ја врати влажноста на кожата. Истовремено ја штити од исушување, ја смирува и интензивно ја храни, што потпомага во обнова на заштитната бариера на кожата.

Посетете ја нашата интернет продавница и дознајте повеќе за производите на следниот линк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).