Потребно време за читање: 1,5мин

Ревматките тегоби погодуваат голем број на луѓе, независно на пол и години. Се сметаат за последица на хронична болест која ги зафаќа коските, зглобовите, мускулите, `рскавиците и лигаментите. Таква мускулно-скелетна болест е проправена со постојана болка и отоци, додека возможна е и појава на потешки симптоми како последица на трајно оштетување на зглобовите, потешко движење, постојан замор и делумна или потполна физичка неспособност.

За појава на ревматските тегови големо значење има генетската предиспозиција, но здрава исхрана и секојдневно движење помага во превенција или забавување на процесот на напредок на ревматската болест

Правилен третман и терапија можат да го спречат или стопираат оштетувањето на зглобовите. Движењето е една од најзначајните терапии во случај на ревматско заболување со цел на оддржување на движењето на зглобовите. Во случај на ревматски тегови добредојдени се секакви методи на самопомош. Таквите методи најчесто делуваат на опуштање и подобрување на симптомите. Во намалувањето на болката, посебно делотворно делува топлината.

Загревање на болните зглобови и мускули, на пример со топли облози или загревачки масажи влијаат на зголемување на мобилноста на болните предели

Со масажа се зголемува циркулацијата на болното место и снабдувањето на ткивата со хранливи материи и кислород поради ширење на крвните садови. За масажа се препорачува да се користат производи кои додатно развиваат чувство на топлина и позитивно делуваат на болниот предел. Таквите производи ја намалуваат болката во зглобовите и доведуваат до подобрување на расположението со смирувачки ефект.

gel od piperkaДелотворен гел за масажа со ефект на греење е Гелот од пиперка. Се препорачува за лица на кои им одговара ефектот на загревање, постари лица со ревматски тегоби, како и рекреативци и активни спортисти за масажа пред физичка активност. Гелот содржи екстракт од  кајанска пиперска, богат со капсацин кој е познат по хиперемиското (загревачко) дејство. Природни, свежи етерични масла од зимзелени дрвја и рузмарин осигуруваат дополнително благотворно релаксирачко дејство. Богатата формула содржи дури четири активни состојки за што поголем ефект на опуштање и греење: кајанска пиперка, капсацин, зимзелен и камфор. Лесно се нанесува, брзо се впива и не остава масни траги. Нежно се нанесува во тенок слој на саканиот предел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).