Потребно време за читање: 1,5 мин
Болните зглобови претставуваат препрека во секојдневните животни активности. Поради болката која ја осеќаме дури и при најмало движење често се намалува квалитетот на животот. Лицата кои живеат со болки земаат разни аналгетици, дури и во поголеми дози од препорачаната. По одредено време со претерана употреба на аналгетици за намалување на болката, организмот повеќе не реагира на истите и болките стануваат неподносливи. Затоа (зло)употребата на ваквите супстанци треба да се лимитира на минимум, односно само во пропишани дози од здравствен работник.
Намаленото движење и болката може да доведат до избегнување на активности и минимално движење што може да доведе до зголемување на телесната тежина и низа лоши ефекти во организмот
Ако сте активен спортист или се бавите со спорт рекреативно, сигурно сте имале прилика да се сретнете со непосакувани последици како повреди, исчашувања, воспаление на мускулите и зглобовите. Постарите лица често исцрпени поради хроничните болести кои влијаат за послаба мобилност. Постои природно решение кое ќе Ви помогне при зголемување на мобилноста на зглобовите и нивната флексибилност.
Куркума е позната во минатото како природен лек во земјите од Далечниот Исток. Покрај лековитото дејство, куркумата се употребува и како традиционален зачин. Куркумата се користи за зајакнување и загревање на телото. Посебно е корисна кај болести на зглобниот систем, истегнувања до хронични дегенеративни болести. Поради исклучителната вредност на куркумата често е вклучена во состав на козметичките производи.
Козметички производи со куркума делуваат превентивно на подобра подвижност на зглобовите, односно влијаат на разни воспалителни болести на коските и зглобовите
Природните производи на база на куркума немаат несакани ефекти и нуспојави на организмот и затоа и не се штетни.
Со умерено движење и телесни вежби и упорна употреба на природни гелови на база на куркума, болката во зглобовите е возможно да се сведи на минимум и да уживате во секојдневните активности.
Гелот од куркума е наменет за рекреативци и активни спортисти, постари лица и за сите оние кои сакаат полесно движење на телото. Гелот содржи високопрочистен хондроитин кој е заслужен за регенерација на истрошените делови, додека екстрактот од куркума благотворно смирува. Ефектот на ладење додатно допринесува за чувството на полесно движење. Богатата формула на Гелот од куркума содржи дури шест природни состојки за поголем ефект: куркума, хондроитин, гавез, каранфилче, ментол и камфор. Лесно се нанесува, брзо се впива и не остава масни траги. Гелот нежно се нанесува во тенок слој на саканото подрачје 3-4 пати дневно. Со редовно користење набрзо ќе ја воочите и промената.