Кожата, а посебно кожата на лицето секојдневно е изложена на многубројни влијанија од надворешната средина поради што е потребно да се посвети посебно внимание при негување на истата. АНТИ СПОТС/АНТИ АКНЕ колекцијата е составена од внимателно одбрани. драгоцени состојки, комбинирани за секој тип на кожа да обезбедат соодветна нега со исклучителни ефекти на чистење на кожата од нечистотии и вишок себум, кој е проблем за сите лица со масна или комбинирана кожа и кожа склона кон акни.
Со правилно, редовно чистење и нега се спречува појавата на несовршености на кожата, како проширени пори, митисери – бели и црни комедони, ситни акни и флеки, а веќе постоечките несовршености стануваат помалку видливи и/или потполно исчезнуваат. Со употреба на производите од оваа колекцијата може успешно да се спречи развојот на несакани и сериозни воспалителни процеси на кожата пратени со акни, цисти и лузни, за чиј третман потребен е посебен тип на медицински пристап.
За интензивно чистење на кожата, а посебно на многу масна кожа, по што се создава чувство на чистота и свежина на кожата се препорачува употреба на Анти-акне сапунот, кој е погоден за чистење не само на кожата на лицето, туку и на вратот, грбот и деколтето.
За темелно, длабинско чистење на кожата, посебно на масна кожа и кожа од комбиниран тип се препорачува употреба на Анти-спотс маска за лице на база на бела глина. Благодарејќи на белата глина која ефикасно ја отстранува нечистотијата и вишокот себум од порите по нејзина примена, оваа маска за лице кожата ја остава чиста неколку дена.
Уште еден производ од истата колекција, кој се применува едноставно и елегантно, а е креиран за да направи помалку видливи несовршености на кожата. Тоа е Анти-спотс пена. По нејзината примена, кожата веднаш добива свеж, матиран изглед, без масен сјај. Ви помага да се ослободите од вишокот себум, а притоа да ја задржите свежината на лицето.
Потполно нежен производ кој може да се користи за чистење на сите типови на кожа е Анти-спотс гелот. Формулиран е да ја штити кожата и да не дозволи нарушување на нејзината функција, па поради тоа е многу погоден за чистење на сува и дехидрирана кожа.
За отстранување на шминка од кожата на лицето, вратот и деколтето, формулирани се два тоника за различен тип на кожа. Тоник за чистење масна кожа склона кон акни, го остранува вишокот на себум од порите, припремајќи ја кожата за нанесување заштитни, креми за нега на кожата. Исто така, достапен е и тоник за сите видови на кожа, кој може да го користи буквално секој, поради своите состојки, безбеден е за употреба од најмала возраст.
За интензивна, посебна нега на кожа склона кон акни, нашата колекција нуди два производи : Анти-акне крем и анти-акне серум.
Анти-акне кремот содржи состојки кои обезбедуваат нега на кожата, а истовремено ги изедначуваат несовршеностите на истата.
Со редовна употреба на кремот се спречува создавање на нови несовршености.
Слично делува и анти-акне серумот, кој претставува концентрат од многу драгоцени состојки, клучни за интензивна нега на масна кожа и кожа склона кон акни. Серумот, брзо делува и во краток временски период намалува појава на нови митисери и флеки и допринесува за отстранување на веќе постоечките.