Потребно време за читање: 1,5-2 мин
Атопискиот дерматит е хронична болест на кожата за која до денес не е е откриен лек. Видливо и болно оштетување на кожата и пропратни нелагодни симптоми можат да се ублажат со секојдневна правилна нега. Секојдневната нега подразбира миење со благ сапун и често нанесување на креми погодни за нега на атопична кожа. Со благите средства за миење, обилно нанесување на креми и намалување на потенцијалните фактори кои ја влошуваат состојбата, можно е да се ублажат симптомите на атопискиот дерматит (сувост, јадеж и црвенило).
При туширање користете благи средства за миење создадени за атопична кожата кои не содржат сапуни и детергенти
Водата не смее да биде премногу топло, а туширањето не смее да трае предолго, за да јадежот и сушењето на кожата не се влошат. По туширање кожата нежно исперете ја и исушете ја со лесно тапкање со крпа без триење. На чиста кожа непосредно по миењето нанесете крем (емолиент) прилагоден за кожа со атописки дерматит.
Емолиентите го ублажуваат јадежот, ја обновуваат кожата и спречуваат нејзино сушење што резултира со подобрена состојба на кожата. Таквата кожа е помалку чувствителна на можните алергени и појава на егзем на кожата.
Сувата кожа склона кон атопија посебно е чувствителна на надворешни фактори и алергени. Просторот во кој се наоѓаат лицата кои се борат со проблем – атописки дерматит одржувајте го умерено топол и влажен. Избегнувајте простории во кои се пуши. Редовно проветрувајте ги просториите и бришете ја прашината во животниот простор. Носете памучна облека и перете ја со благи детергенте без употреба на омекнувач за облека. Избегнувајте волнени и синтетски материјали.
Иако не е откриен лек за болните со атописки дерматит, секојдневната примена на Флуид за миење и Емулзија за нега се постигнува потполна нега на сувата и оштетена кожа.
Флуид за миење на многу сува кожа склона кон атопија нежно ја чисти кожата без да предизвика нејзина сувост. Ја остава кожата смирена. По миењето задолжително е нанесување на крема со богата текстура составена од природни состојки без додатни иританти кои дополнително би придонесиле за сушење на кожата.Идеална емулзија која помага во нега на ваков тип на кожа склона кон атопија е Емулзија за нега на многу сува кожа склона кон атопија. Нејзината цел е да ја врати влажноста на кожата. Истовремено ја штити од исушување, ја смирува и интензивно ја храни, што потпомага во обнова на заштитната бариера на кожата. Лесно се впива, а со примена од два пати дневно во краток временски период се постигнува благотворен ефект.