Ефикасен, единствен, елегантен… Единствено тоа го посакавме од него. Доколку би сакале да го задржиме балансот и да го вратиме младиот, сјаен изглед на нашата кожа, овој производ совршено би се вклопил во нашата секојдневност.
Секако, зборуваме за новиот колаген – Skinage Collagen Elegance.

Производ кој е создаден после долги истражувања, слушајќи ги потребите на денешните жени и со цел да се создаде еднинствена формула, која за разлика од сите останати производи достапни на пазарот досега, ќе успее да ги врати градивните елементи на кожата, но и да обезбеди енергија за целиот организам.

Во што е тајната?

Се разбира, тајната е во составот. За стареењето на кожата, појавата на бори и сувоста одамна го пронајдовме „виновникот“ – намалување на синтезата на колаген и хијалуронска киселина. Тие две молекува совршено функционираат до 18 година од животот, секоја следна година се намалува 1% и веќе од нашата 25-та година од животот првпат ги забележуваме промените на кожата, таа станува се повеќе сува, доаѓа до појава на бори, полека се губи нејзината еластичниот и целиот тој процес допринесува до појава на длабоки бори, сив изглед на лицето и старечки дамки. За да го запреме навреме тој процес важна е употреба на високи концентрации и комбинација од состојки кои на кожата би и го обезбедиле најпотребното и најдоброто за неа.
Поради тоа, овој производ содржи дури 10000 mg рибен (морски) колаген тип 1, чии молекули се мали и формулирани за нашиот организам најдобро да може да ги искористи, Collagen Elegance не заборава и на другата важна молекула за хидратација – хијалуронската киселина, која е застепена во концентрација од 100 mg. Хијалуронската киселина го храни и хидратизира колагенот овозможувајќи му правилно да се вгради, бидејќи без доволна количина на хијалуронска киселина ефектот на колагенот кој допринесува за еластичноста на нашата кожа би бил многу намален.

Единствено длабински хидрирана кожа може повторно да стане еластична и мазна. За целиот тој процес на вградување на колагенот во нашите испукани колагенски влакна да биде потполн, во формулата на овој производ се наоѓа и витамин Ц, биотин и цел Б-комплекс витамини, како и минералот цинк, кои допринесуваат за виталноста на нашата кожа, коса и нокти. Сите заедно, овозможуваат правилна синтежа и на нашиот природен колаген, но истовремено го спречуваат перутењето на кожата, ја зајакнуваат косата и ноктите и го поттикнуваат нивниот раст. Сите градивни елементи делуваат заедно овозможувајќи и на нашата кожа да го надокнати она што ни го одземаат годините и и помагаат да го задржи својот хидратизиран и еластичен изглед.

Но, бидејќи борите не се единственото што ни ги „открива“ годините. Yasenka одлучи да ги опфати и другите проблеми – недостатокот на енергија на нашата кожа и на целиот наш организам.

Забрзаното темпо на живот, неправилната исхрана, сончевото зрачење, стресот.. Се тоа допринесува нашата кожа да изгледа уморно, се јавува „сивило“ на нашето лице и старечки пеги, се чувствуваме лошо како во нас да се собрале премногу штетни состојки и би сакале некој едноставно да не „разбуди“.

Како да се решиме од сето тоа ? – Одговорот се наоѓа во skinage Collagen Elegance . Во неговиот состав нема шеќер, но се кријат МСМ, зелен чај и коензим Q10. Молекули кои обезбедуваат енергија на организмот, поттикнуваат лачење на штетните материи и намалуваат воспалителни реакции. На сите клетки им овозможуваат подобро искористување на нутритиентите што резултира со ревитализација на уморниот тен и намалување на неправилностите на кожата (вклучувајќи ги акните и црвенилото). Зелениот чај и коензим Q10 се невидливи штитови на сите клетки во нашиот организам, но и „будилници“ кои обезбедуваат енергија.

Резултатот би бил ревитализирана и длабински хидратизирана кожа, зголемена енергија на организмот, намалување на борите, цврста и јака коса и нокти.
Затоа Yasenka Skinage Collagen Elegance претставува повеќе од грижа за кожата.

Пробај го и ти и пушти да те изненади енергијата без шеќер со вкус на црна цреша. 

Ефикасен, единствен, елегантен и дел од нашата beauty рутина – Collagen Elegance

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).