Skinage Collagen ELEGANCE Powder – прашок е колаген во прав со 10 000 mg колаген, MSM, екстракт од зелен чај, коензим Q10, хијалуронска киселина, витамин Ц, витамини од Б-комплексот и цинк. Производот е со вкус на црна цреша.
Состав и пакување
Пакувањето содржи 20 кесички од по 10 g, со вкупна нето количина од 200 g.
Начин на употреба
Препорачана доза е една кесичка дневно, растворена во чаша вода. Производот не се препорачува на празен стомак.
Важни предупредувања
Производот содржи екстракт од зелен чај. Препорачаната максимална дневна доза на (-)-епигалокатехин-3-галат (EGCG), активна состојка во зелениот чај, не смее да надмине 800 mg. Не употребувајте го истиот ден со други додатоци што содржат зелен чај. Производот не е наменет за трудници, доилки и лица под 18 години.
Не надминувајте ја препорачаната дневна доза. Додатокот во исхраната не е замена за урамнотежена и разновидна исхрана и здрав начин на живот.
Погледнете ја и Skinage Collagen PRESTIGE Powder варијантата.