Септември, есен, почеток на учебната година, секојдневното заминување на децата во градинка и училиште, освен исполнети и среќни моменти, со себе носи и појава на разни заразни болести. Особено ранливи се децата кои за прв пат одат во градинка од безбедна зона – дома и кои не биле изложени на поголема група врсници. Во градинка или училиште, детето е во контакт со голем број други деца кои имаат или настинка или се во период на инкубација на заразни болести или се здрави носители. Сето горенаведено ја зголемува можноста детето да се зарази со бактерија или вирус. Кај некои деца, имунолошкиот систем успешно ќе се брани од микроби, додека некои деца ќе бидат повеќе склони кон болести.
Болестите се составен дел од растењето и никој не може да ги прескокне, но постојат многу начини да му помогнете на имунолошкиот систем да се зајакне и да функционира кога е потребно.
Здрави навики
Децата треба да всадуваат здрави навики уште од мали нозе. Здравата и врамнотежена исхрана (консумација на разнолико овошје и зеленчук), редовно миење раце, физичка активност, престој на свеж воздух и доволно сон се сметаат за основни здрави навики. Придржувањето до овие здрави навики многу му помага на нашиот имунолошки систем. Но понекогаш само здравите навики не се доволни за нормално функционирање на имунолошкиот систем, а најчесто на имунитетот кај децата му е потребна помош. Во такви случаи, се препорачува употреба на додатоци во исхраната со висока содржина на бета глукан, кој придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.
Бета глукан
Бета глуканот е еден од најбараните природни производи на пазарот за зајакнување на имунитетот, особено кај децата.
Производителите на додатоци во исхраната често го нудат сам, но и во комбинација со минерали и витамини за подобро дејство. Бета глуканот ги стимулира имуните клетки кои учествуваат во одбраната на телото и го зајакнува. Покрај тоа, овие имунолошки клетки имаат способност да препознаваат и уништуваат патогени кои доведуваат до разни болести и инфекции. Најефективната и активна форма е бета- (1,3 / 1,6) -Д-глукан изолиран од ѕидот на квасецот (Saccharomyces cerevisiae) кој е ефикасен и безбеден за употреба без несакани ефекти.
Бета Глукан е течен додаток во исхраната со пријатен овошен вкус со бета глукан и додаток на цинк и витамин Ц. Идеален е за зајакнување на имунитетот на децата и возрасните. Бета глуканот се препорачува да се зема превентивно, за време на траењето на инфекцијата, но и по болеста за да се опорави исцрпениот организам. Наменет е за деца од првата година од животот, и е безбеден за континуирана употреба во текот на целата година.