Јаболков оцет е прехранбен производ добиен со оцетна ферментација на сок исцеден од свежи јаболка. Освен во домаќинството, овој овошен оцет одамна е познат во народната медицина по многубројните лековити својства. Се користи во домаќинството како додаток на разни салати и јадења и како конзерванс за храна. Во својот состав, јаболковиот оцет содржи многу витамини, минерали и елементи во трагови и позитивно влијае на одржување на здравјето.
- Со користење на јаболков оцет во секојдневната исхрана, можно е да се регулира нивото на холестерол, масти и шеќер во крвта. Јаболковиот оцет позитивно влијае на варењето и помага да се отстранат бенигните формации од површината на кожата.