Како дијабетот влијае на вашите очи?

Ако ја имате оваа болест, се зголемува ризикот од проблеми со видот, вклучувајќи дијабетична ретинопатија, дијабетичен макуларен едем, катаракта и глауком. Сите тие можат да предизвикаат слаб вид, па дури и губење на видот. Најдобар начин да ги спречите овие проблеми е добро да управувате со вашиот дијабетес за да избегнете високи нивоа на шеќер во крвта, што може да доведе до оштетување на крвните садови и на протеините оштетени од гликоза.

Како да ги заштитите очите кога имате дијабетес?

  • Редовно вежбање
    Умереното вежбање го намалува шеќерот во крвта и крвниот притисок и го зголемува „добриот“ HDL холестерол – и тоа е добра вест за крвните садови во вашите очи. Дури и брзо одење и чистење на домот се смета за физичка активност. Повеќето луѓе треба да вежбаат најмалку 30 минути секој ден. Проверете кај вашиот лекар пред да започнете нова програма за физичка активност.
    omega3
  • Риба
    Омега-3 масните киселини во масните риби како што се лососот, скушата и сардините се поврзани со пониски стапки на дијабетична ретинопатија. Научниците сметаат дека помагаат во заштитата од воспаление и абнормален раст на крвните садови во очите. Омега-3, исто така, му помага на вашиот холестерол, кој е добар за вашите крвни садови и затоа е добар за вашите очи. Две порции неделно треба да го постигнат тоа. Доколку сето ова сакате да го постигнете со производ Ви го претставуваме нашиот Omega-3
  • Медитација
    Стресот може да го зголеми нивото на гликоза во крвта, како и крвниот притисок. Експертите велат дека медитацијата може да ви помогне да ги решите проблемите со постојани грижи и да се ослободите од упорните, бескорисни мисли. Олесни си го умот и растоварувај го телото! Погледнете апликација за медитација, разговарајте со терапевт или пробајте со група за медитација.

  • Вода
    Дехидрацијата може да го зголеми нивото на шеќер во крвта. Но, бидејќи газираните пијалоци и сокови можат да го зголемат нивото на гликоза, водата за пиење е побезбедна. Ако не сте љубители на обична, бесвкусна вода, додадете овошје или билки (јагоди, нане…) по вкус без додавање шеќер.
  • Очила за сонце
    Силните УВ зраци на сонцето може да ги оштетат вашите очи и да го зголемат дополнително ризикот за проблеми со очите, вклучително и катаракта. Бидејќи не можете да го промените фактот дека имате дијабетес, направете нешто за она што можете да го контролирате. Дури и во облачни денови, носете очила за сонце што ги блокираат УВ-А и УВ-Б зраците.

  • Зелен зеленчук
    Зеленчуците како кељот, спанаќот, римската салата и зеленото цвекло, содржат многу хранливи материи како лутеин и зеаксантин. Овие антиоксиданси помагаат во заштитата на клетките во вашата мрежница и покрај витаминот Е, можат да ви помогнат да избегнете катаракта. Брокулата, грашокот, пченката и јајцата се исто така добри извори.

Како дијабетесот влијае на вашите очи?

  • Лекови и додатоци во исхраната
    За да можат лековите и суплементите да ја завршат својата работа, треба да ги следите упатствата. Ова вклучува кога, како и колку. Доколку земате инсулин, чувајте го на соодветна температура, надвор од сончева светлина. Постојат и додатоци во исхраната за луѓе со дијабетес. Цимет хром + јаболков оцет придонесува за намалување и оддржување на нормално ниво на шеќер во крвта. Се препорачува како помош при дијабетес тип 2, отпорност на инсулин, за намалување на покаченото ниво на холестерол во крвта и регулирање на телесната тежина.

Кажете му на вашиот лекар ако вашиот шеќер во крвта е често превисок или премногу низок. Можеби ќе треба да ја прилагодите дозата или видот на лекот што го земате.

  • Влакна
    Влакната го забавуваат ослободувањето на гликоза во вашиот систем. Храната богата со растворливи влакна, исто така, може да помогне во намалувањето на нивото на „лошиот“ ЛДЛ холестерол. Нутриционистите препорачуваат најмалку 20-30 грама влакна дневно. Затоа започнете го утрото со овесна каша или житарки на база на овес. Други добри извори вклучуваат јачмен, грав и леќа, јаткасти плодови, модар патлиџан и овошје од пектин (како што се јаболка, јагоди, грозје и цитруси).

  • Откажување од пушењето
    Пушењето не само што е лошо за вашето здравје, туку и за вашите очи. На пример, двојно е поголема веројатноста да добиете катаракта. Цигарите дополнително ги зголемуваат шансите за компликации кај луѓе со дијабет. Пушачите имаат поголема веројатност да добијат дијабетична ретинопатија и таа се влошува побрзо.

За повеќе информации за производот од овој текст кликнете ОВДЕ!

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).