На кожата во текот на животот растат голем број на бенигни израстоци кои ги нарекуваме фиброми. Фибромите изгледаат како меки нодули над нивото на кожата со дијаметар од неколку милиметри до сантиметар. Појавата на фиброми е најчеста на вратот, пазувите, препоните, под градите, на стомакот и слично или на места каде што кожата се трие.
Покрај тоа што се естетски проблем, тие се проблематични и на места со големо триење на кожата каде често се повредени или иритирани од потење.
Појавата и растот на фибромите на кожата немаат јасна причина. Некои имаат многу, додека други имаат помалку. Познато е дека со возраста се зголемува нивниот број и големина на кожата. Фибромите се израстоци на кожата кои не се заразни и невозможно е да се пренесат. Многу често нивното појавување е поврзано со фамилијарна генетика и повеќе се присутни на наборите кај лицата со зголемена телесна тежина.
Поради честите повреди или иритација на фибромите, нивното отстранување може да го спречи нивното понатамошно ширење и можни секундарни инфекции. Освен тоа, израстоците на кожата визуелно и естетски го оштетуваат изгледот на кожата, поради што поединците често имаат проблеми со самодовербата и квалитетот на животот.
Фибромите може да се отстранат со употреба на производи кои имаат функција да го сушат израстокот.
Производите се специјално формулирани со цел безболно да се отстранат израстоците од кожата со нивната секојдневна употреба.
Со упорна и трпелива примена на Medna Rosa PLUS можно е безбедно и ефикасно отстранување на израстоците на кожата. Подобрената формулација содржи дури 20% екстракт од кора од врба, кој природно содржи висок процент на салицилна киселина. Благодарение на комбинацијата на природни екстракти од врба, лимон, невен и даб со јаболков оцет, течноста ја суши премачканата површина и помага да се отстранат несаканите израстоци. Природниот екстракт од кокос додаден во формулацијата дава пријатен мирис на течноста. Производот е спакуван во шише со roll-on апликатор кој овозможува прецизно и директно нанесување на производот на израстокот. Шишето е со практична големина што лесно се вклопува во џеб или чанта и е на дофат за употреба повеќе пати во текот на денот.
*Медна Роса ПЛУС е погодна за деца, бремени жени и возрасни.