„Бета глуканот како додаток во третманот го намалува индексот на оксидативен стрес кај деца со алергиски ринитис третирани со кортикостероиди“
ЕФЕКТИ НА БЕТА-ГЛУКАН ВРЗ МАРКЕРИТЕ НА ОКСИДАТИВЕН СТРЕС КАЈ ДЕЦА СО АЛЕРГИСКИ РИНИТИС
Истражувањето е осмислено како проспективно лонгитудинално со контрола на случаи (case-control) и е спроведено во соработка со Институтот за белодробни заболувања кај децата во Скопје и Институтот за претклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија при Медицинскиот факултет во Скопје во периодот од март 2021 до јануари 2023 година.
За спроведување на истражувањето е добиено одобрение од Етичкиот комитет за истражување на луѓе при Медицинскиот факултет во Скопје.
При ова Клиничко испитување анализирани се вкупно 60 пациенти упатени за иследување заради суспектен алергиски ринитис во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле и 30 здрави деца, како контролна група – на возраст од 4-14 години.
Испитаниците биле поделени во две групи, при што првата група била поделена на две подгрупи:
- Група на деца со АР (n=60): дијагнозата била поставена врз основа на најмалку 2 локални симптоми (кивање, чешање на нос, грло или очи, ринореа, назална опструкција) со или без присуство на општи симптоми (нарушен сон, негативен ефект врз физичката активност), позитивни кутани тестови на инхалаторни алергени и оториноларинголошки преглед.
1. Подгрупа на деца со АР (n=30): деца кои во третманот примале само НКС во тек на 8 недели, т.е. не примале перорален препарат на β-глукан;
2. Подгрупа на деца со АР (n=30): деца кои во третманот примале комбинирана терапија со НКС и перорален препарат на β-глукан збогатен со витамин C и цинк во дози за дневни потреби (Beta Glukan- Biovitalis) во тек на 8 недели. - Контролна група на здрави деца (n=30) одбрани според возраст и пол соодветни на испитуваните подгрупи од првата група кои немале позитивна фамилијарна историја за атопија.
Како работна хипотеза на истражувањето, наведена е хипотезата дека примената на β-глуканот со неговото антиоксидативно дејство води до намалување на ОС кај АР во детска возраст. Тоа би овозможило рационална примена на β-глуканот, како дополнителна терапија кон стандардниот третман на АР, со очекувано подобрување на симптомите на оваа болест.
Очекувани цели и резултати на истражувањето:
1. Споредување на параметрите на ОС меѓу деца со АР и контролна група на здрави деца;
2. Споредување на параметрите на ОС кај деца со АР пред и по 8-неделен третман со НКС;
3. Утврдување на ефектот на β-глуканот врз параметрите на ОС кај деца со АР преку споредба на параметрите на ОС пред и по 8-неделен третман со β-глукан;
4. Споредување на параметрите на ОС меѓу деца со АР кои се на стандарден третман со НКС и деца со АР кои се на комбинирана терапија со НКС и β-глукан.
Заклучоци и резултати од Клиничкото испитување:
Донесените заклучоци говорат за сигнификантна позитивна корелација на апсолутниот број на еозинофилни леукоцити во периферната размаска со вредностите на реактивните кислородни метаболити и со индексот на оксидативен стрес кај здравите деца и кај децата со алергиски ринитис, што укажува на асоцираност на атопијата со оксидативен стрес. Утврдени се значително повисоки средни вредности на серумска концентрација на реактивни кислородни метаболити и индекс на оксидативен стрес кај децата со алергиски ринитис во однос на здравите деца, што укажува на постоењето и улогата на оксидативниот стрес кај алергискиот ринитис. Кај децата со алергиски ринитис по 8-неделен третман со назални кортикостероиди докажано е евидентно подобрување на симптомите на болеста и значително пониски вредности на реактивни кислородни метаболити и индекс на оксидативен стрес, што говори за инхибиторниот ефект на назалните кортикостероиди врз оксидативниот стрес. Додавањето на β-глукан кон стандардната терапија со назални кортикостероиди во тек на 8 недели кај децата со алергиски ринитис го редуцира локалниот инфламаторен одговор во назалната мукоза и значително ја намалува концентрацијата на серумски пероксиди и индексот на оксидативен стрес во споредба со вредностите пред почетокот на терапијата, што укажува на антиоксидативното дејство на β-глуканот. При споредба на параметрите на оксидативен стрес помеѓу групата на деца со алергиски ринитис по стандарден третман со назални кортикостероиди и групата на деца со алергиски ринитис кои биле на комбинирана терапија со назални кортикостероиди и перорален препарат на β-глукан докажано е сигнификантно намалување на вредностите на серумските пероксиди и на индексот на оксидативен стрес кај групата со комбинирана терапија, што оди во прилог на адитивен ефект на β- глуканот кон назалните кортикостероиди во намалување на оксидативниот стрес кај алергиски ринитис. Утврден е значително повисок антиоксидативен капацитет кај децата со алергиски ринитис кои биле на комбиниран третман во однос на децата кои примале само назални кортикостероиди. Заклучено е дека β-глуканот го атенуира оксидативниот стрес кај децата со алергиски ринитис и придонесува кон превенирање на еволуцијата на симптомите и подобрување на квалитетот на животот без при тоа да предизвика значајни несакани ефекти.

Содржи високопрочистен природен бета-(1,3/1,6)-Д-глукан, добиен од квасец. Се работи за состојки кои веќе со децении интензивно се испитуваат. Повеќе клинички студии докажаа за неговото силно позитивно делување на имунолошкиот систем.
Витамин Ц и цинкот допринесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем.
Бета глукан може да го земаат деца од една година, па нагоре. Се препорачува превентивна употреба, како и употреба за времетраење на инфекцијата и после болеста за побрзо опоравување на исцрпениот организам. Дозволена е континуирана употреба во тек на целата година, при што се постигнуваат неверојатни резултати.
Не содржи додатни ароми. Сокот од јаболко и етеричното масло од портокал го даваат овошниот вкус кој децата го обожуваат.