КОРИСНИ ЕФЕКТИ НА МАГНЕЗИУМОТ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО

Ги релаксира нервите и мускулите

Магнезиумот заедно со калциумот го регулира тонусот на мускулите и нервите во телото. Во многу нервни клетки служи како хемиски блокатор – се додека го има доволно, калциумот не може да влезе во нервните клетки и да ги активира нервите. На тој начин остануваат опуштени. Ако нашата исхрана е ниска со магнезиум, оваа блокада може да пропадне, така што може да ги активира нервните клетки кои потоа испраќаат премногу пораки до мускулите кои потоа прекумерно се стегаат. Оваа верижна реакција објаснува како недостатокот на магнезиум може да предизвика мускулна тензија, нежност, грчеви и замор.

Го промовира здравјето на коските

Магнезиумот е важен за здравјето на коските. Покрај тоа, две третини од вкупниот магнезиум во телото се наоѓа во коските. Овој магнезиум од коските има две сосема различни улоги кои влијаат на нашето здравје. Делот им дава на коските структура на телото бидејќи се наоѓа во решетките Браве во коските, заедно со минералите фосфор и калциум. Другиот дел од коскените резерви се наоѓа на површината на коските. Иако не е дел од структурата на коските, тој делува како место за складирање на магнезиум од кој телото може да го црпи кога не добива доволно од овој минерал од исхраната.

Други здравствени придобивки од магнезиумот

Магнезиумот е потребен за повеќе од 300 различни ензими, протеини на телото кои предизвикуваат хемиски реакции, за да можеме да ги извршуваме нашите функции. Ова покажува дека овој минерал навистина има најразновидни улоги во нашето тело. Учествува во метаболизмот на протеините, јаглехидратите и мастите, а помага и во правилното функционирање на гените. Некои горива не можат да се складираат во мускулните клетки ако не се достапни соодветни количини на магнезиум. Метаболичките улоги на магнезиумот се толку разновидни што е тешко да се издвои телесен систем кој не би бил засегнат од неговиот недостаток.

КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ И СИМПТОМИТЕ ЗА ДЕФИЦИТ НА МАГНЕЗИУМ

Покрај лошата исхрана, најчеста причина за недостаток на магнезиум се дигестивните проблеми. Меѓу нив се недоволна апсорпција на хранливи материи, дијареа и улцеративен колитис. Многу видови на физички стрес, како што се настинки, физичка траума и операција, може да придонесат за недостаток на магнезиум.

Бидејќи магнезиумот има различни улоги во телото, неговиот недостаток може да се манифестира со различни симптоми. Многу од овие симптоми вклучуваат промени во функцијата на нервниот систем и мускулите, како што се мускулен замор, тремор и грчеви. Срцевиот мускул е под влијание на аритмија, неправилни контракции и зголемен пулс. Бидејќи магнезиумот е дел од структурата на коските, симптом на неговиот недостаток може да биде омекнување и слабеење на коските. Други симптоми вклучуваат неурамнотежени нивоа на шеќер во крвта, главоболки, висок крвен притисок, депресија и губење на апетит.

Поради сето горенаведено за важноста на магнезиумот, Јасенка и нејзиниот експертски тим за истражување и развој дизајнираа производ кој ќе ја задоволи вашата потреба за овој минерал.

Магнезиумот доаѓа во форма на микрогранули за директно растворање во устата

magnezimМикрогранулите Yasenka Magnezij EFFECT 375 до директно растварање во устата покрај магнезиум содржат и витамини од Б-комплексот, со вкус на портокал. Овој додаток во исхраната е едноставен и брз начин за употреба, погоден за различни патувања или ако сакате едноставност.

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).