Здравата циркулација е неопходна за здраво функционирање на нашето тело. Клетките во телото ги добиваат потребните хранливи материи, витамини и кислород преку правилна циркулација на крвта. Ако циркулацијата е слаба во одредени делови од телото, овие ткива и клетки се лишени од потребните хранливи материи. Следствено, слабата циркулација има негативно влијание врз целокупното здравје на организмот и може да биде причина за разни болести и здравствени проблеми.
Најчести симптоми кои укажуваат на слаба циркулација се:
Студени стапала и дланки и ладни прсти, вкочанетост и пецкање во екстремитетите, грчеви, чувство на замор, недостаток на енергија, отоци и задржување на водата (особено во нозете).
Позитивно ќе влијаеме на зголемување на протокот на крв преку здрав начин на живот, односно секојдневно консумирање здрава храна и редовна физичка активност или рекреација. За да се намалат овие симптоми на слаба циркулација, масажата е идеална за започнување и нормализирање на протокот на крв. Релаксирачката масажа со природни производи кои ја поттикнуваат циркулацијата помага при уморни и тешки нозе.
Природните состојки како екстракт од див костен, масло од нане и рузмарин ја стимулираат циркулацијата и овозможуваат моментално олеснување во случај да стоите или да седите поголем дел од денот.
Препорачуваме производ наречен Гел од костен, кој ги содржи сите најважни природни состојки и помага при уморни и напнати нозе.
Гелот од костен содржи дури 3 природни состојки кои делуваат синергистички за најцелосен ефект: екстракт од див костен, екстракт од готу кола и екстракт од хамамелис. Составот е дополнително збогатен со природни свежи етерични масла од нане, рузмарин и чемпрес. Со што се постигнува релаксирачка масажа на уморни и тешки нозе. Нежно масирајте го гелот од стапалата нагоре за да се опуштите и освежите стапалата. Лесно се шири, брзо се впива и не остава мрсни остатоци, а особено се препорачува за стари лица, луѓе кои имаат стоечка работа и луѓе кои се чувствуваат уморни и тешки во нозете.