Smiruvachki gel krem za chuvstvitelna koza – CBD/Aloe Vera

Original price was: 720.00ден.Current price is: 612.00ден.

Смирува и контролира хиперреактивност на кожата. Високата концентрација на CBD и алое вера интензивно ја смируваат иритираната, чувствителна кожа.

За секојдневна нега на чувствителна кожа на лице. Смирувачки гел крем за чувствителна кожа на лицето интензивно ги ублажува чувството на нелагодност, црвенило и јадеж. Ја смирува и контролира хиперреактивноста на кожата, пружејќи и потполна хидратација и заштита. Со редовна примена кожата станува смирена и хидрирана, без црвенило, со здрав и сјаен изглед. За сите типови на кожа, со pH вредност од 5,5.

За што се користи BIOVITALIS® смирувачки гел крем за чувствителна кожа?

BIOVITALIS® Смирувачкиот гел крем за чувствителна кожа обезбедува интензивна нега и контрола на хиперреактивноста на кожата на лицето. Со висока содржина на CBD и алое вера, овој лесен гел крем ја смирува чувствителната кожа, го намалува црвенилото, чешањето и ја обезбедува потребната хидратација и заштита. Идеален е за секојдневна нега на чувствителна кожа.

Кој може да користи BIOVITALIS® смирувачки гел крем за чувствителна кожа?

Наменет е за сите со чувствителна кожа на лицето, без разлика на типот на кожата. Смирувачкиот гел крем е прилагоден на pH вредност од 5,5, што го прави идеален за одржување на рамнотежата и здравјето на кожата. Без алергени, парабени, никел и козметички мириси, одговара дури и на најчувствителните типови на кожа.

Што има во BIOVITALIS® смирувачки гел крем за чувствителна кожа?

Голем процент на CBD, алое вера, бадем, витамин Е, хијалуронска киселина, камилица и невен формираат моќна комбинација на природни активни состојки. CBD, како активна состојка во маслото од индустриски коноп, ја регенерира кожата и брзо ја смирува хиперреактивната кожа на лицето. Алое вера обезбедува дополнителна хидратација, додека бадемот, витаминот Е, хијалуронот, камилицата и невенот придонесуваат за смирувачки и регенеративни својства.

CBD е активна состојка на маслото од индустриски коноп, кое покажува бројни корисни ефекти врз кожата. Ја храни, обновува и смирува чувствителната кожа, на која одговараат само ретките козметички производи. CBD се наоѓа во голем дел во смирувачкиот гел-крем за чувствителна кожа, а заедно со алое вера покажува брз ефект во смирувањето на хиперреактивната кожа на лицето.

Што НЕМА во BIOVITALIS® смирувачки гел крем за чувствителна кожа?

Овој гел крем не содржи алергени, парабени, никел или козметички мириси. BIOVITALIS® е посветен на високите стандарди на природната козметика, обезбедувајќи чиста нега која не ја оптоварува кожата со непотребни хемиски состојки.

Без алергени, парабени, никел и козметички мириси.

Нема на залиха

Пакување: 
50ml

Упатство за употреба:
Најдобар ефект се постигнува со секојдневно нанесување наутро и навечер, на чиста и сува кожа на лицето.

  • Што е гел крем? Гел-крем е понова форма на производ кој своите карактеристики ги должи на најдоброто од кремот и гелот: има лесна текстура, интензивно хидрира и ја обезбедува потребната нега, а притоа не е тежок и не мрсен.
  • За сите типови на кожа.
  • pH 5,5
  • Може да го користат и бремени жени и доилки.
  • Лесно се нанесува, брзо се впива и не остава масни остатоци.
  • Некомедогена формула.
  • Без парабени.
  • Без глутен.
  • Без алкохол.
  • Без состојки од животинско потекло. (Vegan-friendly)
  • Производот не е тестиран на животни. (Cruelty-free)

СИТЕ СОСТОЈКИ: aqua, aloe barbadensis leaf juice (сок од алое вера), prunus amygdalus dulcis oil (масло од сладок бадем), glycerin, sodium hydroxide, sodium hyaluronate (хијалурон), cannabis sativa seed oil (индустриско масло од коноп), cannabidiol (CBD), calendula officinalis flower extract (екстракт од цвет од невен), chamomilla recutita flower extract (eкстракт од цвет од камилица), tocopheryl acetate (vitamin E), carbomer, tocopherol, benzyl alcohol, dehydroacetic acid

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).