Подготовка, внимание,.. пролет!

Ви носиме топ 5 идеи за физички активности со кои можете да започнете на пролет, но и решенија доколку болките во зглобовите и коските ве спречуваат да се движите. Деновите веќе почнаа да стануваат подолги и потопли, па нашата листа вклучува активности кои се одвиваат претежно на свеж воздух.

1. Возењето велосипед на добро време може да го замени возењето автомобил и јавен превоз до работа, продавници или вашето омилено кафуле. Возењето велосипед ја подобрува кардиореспираторната кондиција и значително го намалува ризикот од хронични болести.

Со 30 минути возење велосипед со умерено темпо се троши околу 180 kcal .

2. Ролање , како релаксирачка, но напорна активност, е одлична алтернатива на класичното дружење со пријателите на кафе. Специфичните движења при лизгање на ролери ги активираат мускулите на задникот и нозете, а поради флуидноста на движењето, нема оптоварување на зглобовите и другите околни структури.

Со 30 минути лизгање со умерено темпо се троши околу 185 kcal .

3. Трчањето е одличен анти-стрес третман бидејќи, покрај физиолошките придобивки, докажано е дека ја ублажува напнатоста, ја гради самодовербата и позитивно влијае на расположението. Дополнително, потребни ви се само добра волја и патики за да трчате, а попатно можете да ја слушате вашата омилена музичка листа .

Со 30 минути трчање со умерено темпо се троши околу 185 kcal .

4. Планинарењето може да стане забавна викенд-активност која претставува оптимален сооднос на физичка активност и одмор. Со истражување на природната убавина и одличен тренинг за целото тело, на крајот можете да уживате во пикник или убав топол оброк.

Со 30 минути пешачење со умерено темпо се троши околу 205 kcal.

5. Пешачењето во смисла на шетање во природа со пријатели или домашни миленици е секогаш добра идеја за да се оддалечите од социјалните мрежи и други работи на модерната технологија. Дополнително на тоа, пешачење после јадење може да помогне во контрола на гликемискиот одговор на консумираната храна.

30 минути пешачење со умерено темпо троши околу 120 kcal .

Физичката активност треба да биде задолжителен дел од секојдневието за сите нас , со оглед на актуелниот растечки тренд на гојазност, како во светот, така и во нашата убава земја. Сепак, болката во зглобовите и коските може да биде сериозна пречка за желбата да се вклучите во физичка активност од секаков вид. Континуирана изложеност на бројни негативни фактори како што се:

  • долго седење, стоење или тешка физичка работа,
  • исцрпувачка активност со висок интензитет,
  • прекумерна телесна тежина,
  • неправилна исхрана,
  • стрес и
  • неактивност.

Под влијание на овие фактори настануваат оштетувања поради кои нашите зглобови побрзо стареат и пропаѓаат, што последователно значително влијае на квалитетот на секојдневниот живот.

Иако е неизбежно со текот на времето да се истрошат зглобовите и ‘рскавицата, правилната исхрана, редовната физичка активност со умерен интензитет и избраните додатоци во исхраната можат да помогнат во голема мера да се зачуваат зглобовите или да се подобри нивната функција.

Во својата линија OMNIflex, Јасенка нуди помош токму во такви ситуации. OMNIflex FLEX VITAL е течен додаток на храна кој со својата комбинација на активни состојки ја враќа флексибилноста на вашите колена и ги обезбедува потребните хранливи материи за сите зглобови во телото.

Неодамнешните истражувања сè повеќе го потврдуваат позитивниот потенцијал на суплементацијата на глукозамин и хондроитин со цел да се намали болката при остеоартритис и да се подобри физичката функција. Исто така, нивното примање во форма на додатоци во исхраната многу добро се поднесува и се смета за безбедно, а во комбинација со колаген, хијалуронска киселина, витамин Ц и манган Omniflex значително ќе придонесе за зачувување на оптималното здравје на коските и зглобовите и подобра и полесна подвижност.

Затоа, нема причина да не се вклучите во некоја од активностите што ги наведовме и да уживате во свежиот воздух, движењето и шармот на пролетта!

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).