Список на обврски на една жена:

  • Однесете ги децата на училиште
  • Одржете состанок и поднесете извештај
  • Направете нешто за јадење
  • Одете на тренинг
  • Земете ги децата од школо
  • Обврски во домот..
  • Излезете со девојките навечер

Недостигот на време и напорниот распоред станаа дел од секојдневието. Балансирањето меѓу деловните обврски, децата и обидот да се одржи социјалниот живот често ги покажува првите резултати на нашата кожа. Кожата станува сува, покажува знаци на стареење, се појавуваат темни кеси во пределот околу очите, недостаток на сон, а сето тоа јасно се гледа на нашето лице.

Заедно со Yasenka се грижиме за кожата која го следи динамичното темпо на живот на денешните жени.

Yasenka Skinage Collagen Production Cream Active – колагенски крем за сите типови кожа кој содржи револуционерна комбинација на молекули за ревитализација на кожата

Хијалуронска киселина, Лифотонин-експерт и Dawnergy пептид се сè што и е потребно на вашата кожа за да ја разбуди од сон. Како функционираат?

Сите го знаеме проблемот со барање колагенска крема која ќе има длабок ефект и ќе ги пополни брчките кои се појавуваат. По многубројните креми кои ги пробавте, анти-ејџ крема, крема за нега на мрсна и сува кожа, дојдовте до заклучок дека сите се исти и дека едноставно не делуваат?!

Ќе ви откриеме во што е проблемот. Молекулите на колаген се едноставно премногу големи за да поминат низ порите на чувствителната кожа. Нивниот ефект се заснова на фактот дека таквите препарати оставаат тенок филм на кожата што ги исполнува малите брчки и неправилности на површината и очигледно доведува до затегнување на кожата.

Што треба да направиме за ефектот да не биде само привиден?

Со цел резултатот да биде повеќе од само привиден, потребно е да се разбудат нашите фибробласти – клетки во дермисот чија главна улога е синтеза на колаген. Како што старееме, нивната активност се намалува и резултатот се брчки на нашето лице. Алармот кој успешно ќе ги разбуди фибробластите се вика Лифтонин – експерт. Лифтонин – експерт е мала молекула која минува низ порите на кожата, се врзува за фибробластите и ги поттикнува да го прават она за што се создадени – да синтетизираат колаген кој ќе ги пополни брчките.

Ако брчките беа единствениот проблем на нашето лице, можеби ќе ги преживеевме, но гледањето наутро во огледало и гледањето отечено лице со вреќички под очите е главниот показател дека не сме спиеле доволно минатата ноќ.

Yasenka Skinage Collagen Production Cream Active носи решение и за тој проблем. Доаѓа во форма на молекулата на Dawnergy пептид

Dawnergy пептид е револуционерна молекула за ревитализација на кожата чија активност допира длабоко во клетките

Со влегување во јадрото на клетката ги активира т.н „часовни гени“ кои предизвикуваат физиолошки процеси во самата клетка и ѝ овозможуваат побрзо да достигне будност. Покрај тоа, ги стимулира митохондриите во фибробластите и ја зголемува синтезата на енергија и микроциркулацијата. Резултатот е клинички докажано намалување на волуменот на ќесите под очите и намалено чувство на оток на целото лице.

Синергетскиот ефект постигнат од Liftonin – експерт и Dawnergy пептидотќе ја разбуди вашата кожа од сон и ќе и даде енергија за целиот ден

Покрај две револуционерни молекули, постои и трета без која колагенската крема за лице е незамислива. ПОГОДИВТЕ 😉 ….. тоа е хијалуронска киселина.

Само хидрираната кожа е убава кожа. Затоа Yasenka Skinage Collagen Production Cream Active содржи и висока концентрација на хијалуронска киселина, која ја негува, храни и хидрира кожата на лицето и обезбедува свеж изглед.

Skinage Collagen Production Cream Active ја носи во себе идеалната комбинација за да може кожата да го следи активното темпо на денот. Кожата е хидрирана и нахранета, еластичноста на кожата е задоволена, а возраста и недостатокот на сон повеќе не оставаат видливи траги на вашето чувствително лице. Затоа што жените сепак сакаат да чуваат некои работи за себе 😉

SKINAGE COLLAGEN PRODUCTION CREAM ACTIVE

 

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).