100% Multivitamin

600.00ден

Најдобриот мултивитамин – 12 витамини и 2 важни минерали во само една доза дневно

100% Мултивитамин е течен додаток во исхраната со витамини и минерали кои допринесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем, го намалуваат заморот и исцрпеноста, допринесуваат за нормални ментални перформанси.

100% Мултивитамин е наменет за лица кои не јадат врамнотежени оброци, пребирливи лица кои не јадат доволно, лица кои имаат ограничено мени за исхрана, лица на вегетеријански режим на исхрана, лица кои често конзумираат брза храна, газирани напитоци или преработена храна.
Се препорачува за деца постари од 7 години и возрасни.
Содржи 100% препорачан дневен внес за витамини А,Б,Ц,Д и Е и минерали железо и цинк.

Витамин А,Б6,Б12,Ц,Д и фолната киселина, железото и цинкот допринесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем.
Витамин Б2,Б6,Б12,Ц,ниацин, фолна и пантотенска киселина, заедно со железото допринесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста.
Пантотенската киселина допринесува за нормални ментални перформанси.
Железото и цинкот допринесуваат за нормална когнитивна функција.
Витамин Д и цинк допринесуваат за одржување на нормална функција на коските.
Витамините А и Б2. како и цинкот допринесуваат за одржување на нормален вид.

100% Мултивитамин не содржи додадени ароми. Вкусен овошен вкус е постигнат благодарение на концентриран сок од јаболко и етерично масло од портокал.
Содржи железо, поради што изметот може да биде потемно обоен, што е нормална рекација на внес на железо.
Можно е минливо обојување на забите за време на примена на производот. Ова може да се избегне со мешање на дозата од сирупот во часа вода или сок.
По отварање на шишенцето можна е промена на бојата на производот и појава на ситни кристали. Тие промени не играат улога на квалитетот на производот, тој е безбеден за понатамошна употреба.

Без глутен, шеќер, додадени бои и арома.
Содржи засладувач сорбитол.
Производот е прикладен и за вегани.

Пакување:
200мл
Составот и дозирањето се прикажани на сликите.
НАПОМЕНА:
Да се чува надвор од дофат на мали деца. Да не се преминува препорачаната дневна доза. Прекумерно конзумирање може да има лаксативен ефект.

Можеби ќе Ви се допадне и…

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).