SKINAGE Beauty Retinal Power

840.00ден

Моќна комбинација формулирана со: 0.05% ретинал, витамини B3 и B5 и хијалуронска киселина.

Природна и најпотентна форма на витамин А – Го забрзува процесот на обновување на клетките, елиминирање на мртвите клетки и синтеза на нови.
Продира во длабоките слоеви на кожата, го намалува воспалението и има антибактериско дејство.
Резултатите се: намалено лачење на себум, намалено формирање на нови и отстранување на постоечките акни и хиперпигментација.
Ретиналот работи дури 11 пати побрзо од ретинолот – Обезбедува рамномерен тен и сјајна кожа, ја измазнува текстурата на кожата и докажано ги намалува брчките. Ја стимулира синтезата на колаген во длабоките слоеви на кожата, правејќи ги покомпактни и зголемувајќи ја нивната дебелина.
Витаминот Б3 познат како ниацинамид е повеќеслојна молекула со способност да навлезе длабоко во кожата. Ги регенерира клетките на кожата, ги стеснува проширените пори, го отстранува несаканиот мрсен сјај на кожата, ги намалува акните и хиперпигментацијата и видливо обезбедува чист тен.
Ретиналот и ниацинамидот се одговорни за отстранување на неправилностите и ефектот против стареење на Retinal power серумот.
Хијалуронска киселина и провитамин Б5 – ги хранат и хидрираат длабоките делови, како и новоформираните клетки на кожата. Ја намалуваат можноста за иритација на кожата предизвикана од отфрлање на старите клетки на кожата.
Skinage beauty Retinal power ги отстранува неправилностите, длабински ги хидрира и регенерира клетките на кожата, ги отстранува брчките и го враќа младешкиот изглед на кожата.

  • ПАКУВАЊЕ:
    30ml

КАКО ДА СЕ УПОТРЕБА:
Нанесете неколку капки од серумот на темелно исчистена и влажна кожа на лицето и вратот. За подобар ефект се препорачува нежно да го масирате серумот, а после тоа да нанесете ноќна крема на сè уште влажната кожа на лицето.

ЗАБЕЛЕШКИ И УСЛОВИ НА ЧУВАЊЕ
Не се препорачува истовремена употреба на други ретиноиди, киселини или слични активни супстанции.
При изложување на сонце користете крема со заштитен фактор.
Да се чува на температура до 25 °C на суво место.

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).